Патрис Евра, поранешниот француски репрезентативец и легенда на Манчестер јунајтед, во интервју за француски медиум кратко и јасно објасни зошто ПСЖ не може да ја освои Лигата на шампионите. Тој кажа:
„Имам само еден проблем со ПСЖ, а тоа е што им простирате црвен тепих на сите фудбалери кои доаѓаат кај вас. Тоа го прават за фудбалери кои немаат ниту десет натпревари во Лигата на шампионите, а со ПСЖ се пречекани како ѕвезди. Дани Алвес еднаш ми рече: Тие никогаш нема да освојат Лига на шампиони. Во ПСЖ играчите се како рок-ѕвезди. И имаше право. Сè додека на трибините немате легенди како Бернард Лама, а имате Кардашјан и слични, тој клуб е дел од шоу-бизнисот и тоа мене не ми се допаѓа.“
ПСЖ најблиску до освојувањето на Лигата на шампионите беше пред три години, кога во финалето загуби од Барен Минхен со 1-0.