Патуваше шест месеци и 20 дена за да го сретне Роналдо, на крајот желбата му се исполни

Кристијано Роналдо е најпопуларниот спортист во светот. Тој е првиот кој успеал да има над една милијарда следбеници на сите социјални мрежи што ги користи. Едноставно, Роналдо е миленик на милиони навивачи, а малкумина имаат можност да го сретнат и да го запознаат во живо.

Таква можност имаше еден навивач од Кина, кој исполни еден неверојатен подвиг. Тој тргнал со велосипед од Кина и по шест месеци и 20 дена патување, конечно пристигнал во Саудиска Арабија.

Роналдо знаел за овој фанатик навивач и го пречекал пред мечот на гостувањето кај Ал-Шабаб, против кого тимот на Кристијано, Ал-Наср, победи со 2:1.

- Оглас -

Најнови вести