2.8 C
Skopje
вторник, 23 декември 2025

Пауновиќ најави дека ќе има четири репрезентативни списоци со вкупно 100-мина фудбалери

Србија неодамна го промовира Вељко Пауновиќ за селектор кој во следните неколку години треба да ја врати фудбалската селекција на мапата меѓу најдобрите во светот. Кога се работи за српските репрезентативци, секогаш има некои незадоволни играчи,  а интересно е дека Пауновиќ најави дека ќе користи систем на „четири списоци“.

На секој од тие четири списоци ќе има по 25-мина фудбалери, а од сите тие ќе ги одбира најдобрите. Самио Пауновиќ ја објасни оваа идеја.

„На секој список ќе имам по двајца фудбалери на секоја позиција, на некоја позиција може да има и по тројца играчи. Во првата група ќе бидат оние кои беа повикани во ноемврискиот циклус, плус уште неколкумина кои тогаш не можеа да се приклучат поради повреди. На вториот список ќе бидат младите репрезентативци, како и оние кои од различни причини го загубиле репрезентативниот статус. На третиот список ќе бидат фудбалерите од дијаспората, но тука има уште многу работа. Четвртиот список ќе биде со фудбалери кои досега никогаш не играле за репрезентацијата“, објасни Пауновиќ во интервју за Спортски журнал.

Србија не успеа да се пласира на Светското првенство во 2026 година, дури нема да игра ниту во баражот. Пауновиќ потпиша договор со Федерацијата до 2030 година да биде селектор на сениорската селекција.

- Оглас -

Најнови вести