Паузата од еден месец значи и крај за Леброн во битката за МВП наградата

Леброн Џејмс дефинитивно ќе паузира од три до четири недели поради повредата на глуждот од десната нога со која се здоби во дуелот против Атланта хокс.

Иако нема скршеница, потребно му е време да закрепне, па така актуелниот првак ЛА лејкерс во наредниот период ќе биде без двете најголеми ѕвезди во екипата, ако се знае дека и Ентони Дејвис паузира подолг период и најмалку ќе биде во аут уште една до две недели.

Со оваа повреда завршува мисијата на Леброн да ја освои МВП наградата која се доделува по крајот на регуларниот дел од сезоната. Џејмс досега во кариерата четирипати бил избран за најкорисен кошаркар, но последно ја освои наградата во 2013 година и сигурно сака да има уште една во богатата колекција.

Џејмс оваа сезона бележи импресивни бројки од 25,4 поени и речиси по 8 скока и асистенции по натпревар, пред повредата беше меѓу фаворитите покрај актуелниот МВП Јанис Адетокумбо, Никола Јокиќ, Џоел Ембид и Демиен Лилард.

- Оглас -

Најнови вести