Рој од пчели нападнаа во Бразил на мечот од четвртата лига меѓу Палмас и Гварани де Собрал, а на интересен начин дел од фудбалерите се обидоа да го избегнат атакот.
Легнаа на терен и чекаа да мине опасноста и за среќа немаше посериозна опасност за нив. Целата ситуација можете да ја погледнете ОВДЕ.
Гостите беа подобри и победија со 2:0, со двата гола на Даниел и си обезбедија настап во плејофот за влез во Серија Ц.
Гварани е и лидер по 12 кола со 25 бода, а Палмас со поразот се одалечи од место меѓу квартетот најдобри што ќе ја продолжи битката за прмоција во повисок ранг на натпревари.
Моментно се на шесттото место со 14 боа, и се уште имаат шанси за настап во разигрувањето.