Печатница за пари – Роналдо и кога не игра е богатство, Манчестер јунајтед урна европски рекорд со продажба на дресови

Кристијано Роналдо и кога не игра е вистински магнет за пари и е богатство за клубовите за кои настапува, а денеска Манчестер јунајтед објави дека за само 12 часа заработија 45 милиони долари од продажба на дресови на Португалецот.

Роналдо повторно ќе биде ЦР7, откако ја доби седмицата кај Црвените ѓаволи, а дресовите се продаваат неверијатно добро. Сумата од 45 милиони долари е рекорд за спортист од Европа, а повеќе пари и дресови досега се продавале само на ѕвзедите од НБА лигата, потоа од НФЛ, НХЛ и МЛБ во Северна Америка.

Роналдо летово во последните денови од преодниот рок се врати во Манчестер јунајтед по цели 12 години пауза. Си замина од редовите на Јувентус и кога се очекуваше да се пресели во Манчестер сити, се слули пресврт и пак ќе игра за големиот ривал на Граѓаните во Премиерлигата.

 

- Оглас -

Најнови вести