Педри е магнет за продолженија: кога тој игра елиминациски меч, мечот трае 120 минути

Плејмејкерот на Барселона и на шпанската репрезентација, најдобриот млад фудбалер за 2021 година, Педри, се покажува како вистински магнет за играње мечеви од 120 минути. Педри во Билбао даде гол за изедначување во судиското продолжение, па се избори за нови 30 минути во кои Барса беше елиминирана со гол од пенал.

Од последните 16 мечеви на кои настапил Педри, а на кои можело да се игра продолжение, дури 13 пати имало екстра 30 минути после регуларните 90.

Од Европското првенство летоска, па наваму, на сите елиминациски мечеви на кои играше Педри, имаше и продолженија. Серијата почна на дуелот Шпанија – Хрватска, продолжи против Швајцарија, па финалето со Италија. Потоа Педри и на олимпискиот турнир во Токио играше три меча со продолженија, па со Реал Мадрид во суперкупот на Шпанија, и синоќа со Атлетик во Купот на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести