Фудбалерите на Барселона, Педри и Феран Торес, гостуваа во телевизиско шоу, во кое одговараа на интересни прашања на водителот, а едно од нив беше кој играч од Реал Мадрид би го донеле во Барса.
Тие го дадоа истиот одговор.
„Мбапе, нели?“, прв се отвори Педри вртејќи се кон соиграчот, а истовремено потврди и Торес, кој немаше дилеми: „Да, Мбапе“.
Водителот Пабло Мотос беше љубопитен да знае дали играат со подигната рачна сопирачка и се чуваат за да не се повредат пред СП.
„Секогаш мислите дека Светското првенство доаѓа на крајот од сезоната, но нема штедење. Барем јас не размислувам за тоа, кога сте на терен, не размислувате за Мундијалот“, рекоа Педри и Торес.
Тие изјавија и дека имаат добри односи со играчите на Реал Мадрид, но не се претерано блиски.
„Се согласуваме добро. Не сме пријатели што се слушаат секој ден, но се согласуваме добро“, објасни Педри.

