Педри беше стрелец на единствениот гол за Барселона во победата против Хетафе со 1:0 што ги задржа Каталонците на врвот во шпанската Ла Лига.
Младиот играч на Барселона си има свој стил на радување за постигнатите голови, а објаснувањето на кого му беше посветен денешниот погодок за победа против Хетафе е малку и чудно.
„Денеска голот му го посветив на мојот роднина Абрахам, кој е ќелав“, објасни Педри.
https://twitter.com/capricorn_barca/status/1617248802473123842?s=20&t=GoPslusifvVnBOcEj4e5Bw
Барселона е прва во Шпанија со 44 бода по 17 кола, а Реал Мадрид може да се врати на три бода негатива, ако го победи Атлетик во Билбао на меч кој е во тек.
Реал Сосиедад е на третото место со 38 бода, како дел од најсериозното трио во трката за титулата во Шпанија.