Пеколен финиш на Валенсија, Жолтата подморница потона на „Местаља“

Валенсија со 2:1 го победи Вилјареал во првиот меч од 26. коло на Примера дивисион. Со овие три бода Лилјаците избегаа од дониот дел од табелата и сега имаат 30 бода, за скок на 11 позиција.

Вилјареал добро започна и во 40 минута стигна до предност со погодокот на Морено од пенал. Жолтата подморница ја чуваше предноста се до неколку минути пред крајот. Во 86 минута беше досуден пенал и за домаќините, а Солер беше прецизен за 1:1.

Се чинеше дека двата гола од пенал ќе бидат доволни за двете екипи да освојат по еден бод, но не беше така. Валенсија преку Гуедес даде уште еден погодок во судиското надополнување и на крајот стигна до трите бода. По овој неуспех, Вилјареал полека бега од местата кои водат излез во Европа. Жолтата подморница има седум меча без победа во домашното првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести