Пеле е мртов, но уште објавува на неговите профили на социјалните мрежи

Бразилскиот Крал на фудбалот, Пеле, почина пред неполна година, но уште е „активен“ на социјалните мрежи.

На профилите на Пеле на „Твитер“ и „Инстаграм“ и понатаму се постираат честитки и други информации за кои администраторите на страниците ќе проценат дека треба да го направат тоа од име на покојниот Пеле.

Вчера Пеле му честиташе роденден на Роналдо Назарио, претходно имаше честитка до Нејмар што стана рекордер по број на голови во бразилската репрезентација, му се честиташе и на Макс Ферстапен за рекордот од 10 победи по ред во Формула 1.

Откако почина на 29 декември минатата година, на профилите на Пеле на социјалните мрежи има по 32 обраќања до јавноста.

- Оглас -

Најнови вести