Пеле, мајстор за блокади (видео)

Утринава пишувавме за Бостон и нивната нова сензација Карсен Едвардс, новакот кој постигна осум тројки во една четвртина. Сега дојде моментот да се претстави и Пеле, но не легендарниот бразилски фудбалер, туку центарот на Филаделфија севентисиксерс.

Пеле ноќеска ги почасти Детроит пистонс со килограм банани, односно постави рампа пред својот кош и не дозволи никој да се приближи. Иако по обичај е длабока резерва, во оваа претсезонска пресметка кошаркарот со потекло од Антига и Бермуда ги покажа физичките и одбранбени квалитети.

Во последната четвртина од мечот кој го доби Филаделфија со 106:86, Пеле имаше пет успешни блокади придонесувајќи за триумфот и големата разлика во корист на својот тим. Неговата посветеност да го одбрани кошот можете да ја погледнете во следниот видеоприлог.

https://twitter.com/NBATV/status/1184290704815620096

- Оглас -

Најнови вести