Бостон има нов „снајпер“: Погоди осум тројки за една четвртина (видео)

Бостон селтикс го одржа победничкиот ритам во претсезоната совладувајќи ги Кливленд кавалирс со 118:95. Келтите немаа проблеми да го надиграат еден од најслабите тимови од минатата сезона, особено што во своите редови имаат нов „снајпер“ кој беше клучен за победата.

Новакот Карсен Едвардс имаше импресивно издание и со 30 поени како најефикасен играч го предводеше Бостон. Едвардс приреди шутерско шоу во третата четвртина откако погоди осум тројки, а од вкупно 30 поени дури 26 ги реализира во третата делница.

Едвардс го заврши мечот со 9/15 реализација од линијата за три поени. Инаку Едвардс од ова лето е член на најтрофејната франшиза откако беше избран како трет пик во втората рунда, односно севкупно 33-ти пик.

- Оглас -

Најнови вести