Еурофарм Пелистер не успеа да победи во Лисабон против Спортинг, иако битолчани водеа во текот на целиот меч, а домаќините извлекоа бод во ремито 27:27 со гол на 10 секунди до крајот.
Драмата почна на пет минути до крајот, кога Спортинг стопи негатива од 20:24 и израмни на 25:25, но се чинеше дека Пелистер сепак ќе победи.
Стипе Мандалиниќ со два гола му донесе предност на гостинот од Битола од 27:25, но македонскиот тим не издржа докрај, прими два гола и прокоцка чиста победа за првото место во Д групата од ЕХФ Лигата на Европа.
Домаќините поведоа со 1:0 и потоа сè беше во знакот на одличните гости од Битола. Кубанецот Реиние Табоада беше незадржлив и со 7 гола беше најефикасен кај Пелистер, на крајот доволно само за еден бод.
Мандалиниќ постигна вкупно пет гола, а Периќ и Божиќ-Павлетиќ по четири.
Reinier Taboada Dranquet with the smooth moves as Eurofarm Pelister put Sporting under some early pressure! #ehfel pic.twitter.com/2smp7CVRry
— EHF European League (@ehfel_official) November 30, 2021
Еурофарм Пелистер со 6 бода остана на третото место зад Ним и Спортинг со по 7.
Двете екипи повторно ќе играат меѓу себе во шестото коло, но сега во Битола, и тоа на 7 декември од 20.45 часот.