28.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Пелистер е предаден на дисциплинската комисија по пријава од делагатот

Фудбалската федерација на Македонија, односно Комисијата за натпревари, го предаде битолски Пелистер на Дисциплинската комисија поради навредливо скандирање на дел од навивачите, а по пријава на делегатот на натпреварот против Шкупи, Кочо Зердески од Кичево.

„По пријава на делегатот на натпреварот ФК Пелистер – ФК Шкупи, Комисијата за натпревари во рамките на ФФМ го предаде ФК Пелистер на понатамошна постапка во Дисциплинската комисија. Пријавата се однесува поради навредливо скандирање на дел од навивачите на натпреварот Пелистер – Шкупи, одигран во рамките на третото коло од Првата МФЛ“, се вели во соопштението на ФФМ.

Мечот помеѓу Пелистер и Шкупи (2-0) се играше на неутрален терен во Кавадарци.

- Оглас -

Најнови вести