Пелистер го расипа јубилејот на Војводи и Тетекс, Беса и Детонит освоија три бода во трка за Прва лига

Пелистер минимално со 1:0 го победи тетекс во Тетово, а стрелец на голот кој донесе три бода за битолчани го постигна Танушев во првото полувреме. На овој меч, домаќините славеа двоен јубилеј. Навивачката група Војводи прославија 35 години од формирањето, додека клубот Тетекс одбележа 70 години постоење. Овие два јубилеи беа прославени со фешта на трибините. 

Лидерот Беса продолжи да реди победи, откако овојпат со 3:1 победи на гости кај Охрид. По 12 одиграни меча, Беса сега има 31 бодови, дури пет повеќе од второпласираниот Детонит, кој истотака се радуваше на гости кај Каменица Саса со 3:1.

Резултати од 14. коло: Башкими – Арсими 1:2, Беласица – Караорман 2:1, Саса – Детонит 1:3, Новаци – Кожув 1:0, Охрид – Беса 1:3, Осогово – Вардар Н. 2:2, Победа – Скопје 1:0, Тетекс – Пелистер 0:1.

- Оглас -

Најнови вести