13.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Пелистер игра европски мечеви и ракомет и кошарка, една победа би била полна капа

Најдобрите битолски клубови во ракомет и кошарка денеска имаат двојна европска програма, а според квотите во Sport Life, двата тима се аутсајдери на хартија.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите вечерва од 20.45 го пречекуваат ПИК Сегед. Унгарскиот тим има скор 3-3 по шест кола, а македонскиот првак се надева на прекинување на серијата од пет порази по ред. Е. Пелистер досега еднаш (во 2023) има играно дома со тимот од Сегедин и средбата заврши со минимална победа на гостите.

„Сегед е одличен тим со неверојатни играчи на сите позиции. Одбраната им е гранитна, а шутираат од секаде, особено од далечина. Но, ние ќе се обидеме да им ги поматиме сметките. Се надевам дека тимот наскоро ќе биде комплетен. Ќе го дадеме нашиот максимум, мојата порака до фановите е дека ќе видат борбен тим со желба за победа“, рече тренерот Рубен Гарабаја.

Може да се обложите и на „плус-минус“ број на голови на триото Кузмановски-Манасков-Пешевски.

И кошаркарите на Пелистер продолжуваат со европските предизвици, во 19 часот ќе гостуваат кај Приевидза во Словачка.

Словачкиот тим загуби од Пелистер на дуелот во Битола со 83-90 и бара реванш, а во тимот на тренерот Боро Даскаловски веруват дека со добро издание повторно ќе можат да го совладаат овој ривал, со што би останале во игра за второто место во групата. Пораз ќе значи збогување со шансите за пласман во следната фаза.

„Знаеме со каков противник ќе се сретнеме. Тоа е екипа што добро трча и во напад и во одбрана, настојува да диктира брза кошарка во висок ритам. Клучно ќе биде да одговориме на тоа, како што одговоривме во Битола, каде што покажавме дека можеме да ја победиме Приевидза. Имаме доста тежок распоред во изминатиот период и доколку физички одговориме на предизвикот, можеме да дојдеме до посакуваната победа. Кај нас постои голема мотивација за борба и за надигрување во оваа прва сезона во европските натпреварувања“, изјави Бобан Стајиќ, еден од најискусните во таборот на Пелистер.

- Оглас -

Најнови вести