Пелистер загуби на гостувањето кај кипарски Керавнос и направи чекор назад во обидот да ја мине групата во ФИБА Европа купот. Кипарскиот тим победи со 99-86 и сега двата тима имаат по една победа и два порази во ова натпреварување, а во група со нив се и Цедевита јуниор и Приевидза.
Во редовите на македонскиот тим хендикеп беше неиграњето на Бобан Стајиќ, а битолчани почнаа катастрофално, првата четвртина ја загубија со 17 поени разлика и потоа беше тешко да се вратат и да направат пресврт.
Кевин Брејси-Дејвис со 33 поени беше убедливо прв стрелец во тимот на тренерот Боро Даскаловски, Андреј Митревски уфрли 13 поени, но нападот на Керавнос беше поизбалансиран, имаа петмина со двоцифрен број поени од кои најдобар Хантли со 25 поени и 11 скока.

