1.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

Пелистер само 20-тина минути ѝ парираше на Висла, на крајот загуби убедливо

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го претрпе третиот пораз во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Битолчани немаа сили да парираат на гостувањето кај Висла Плоцк и загубија убедливо со 36:25.

Пелистер играше одлично во почетните 15-тина минути, па дури имаше и водство од 9:8. Потоа следуваше серија од 3:0 за Висла, а Пелистер држеше ритам до 11:10. Полјаците поведоа со 14:10 и предноста од четири гола ја задржаа и на полувреме, кога беше 18:14.

Во вториот дел играчите на Пелистер едноставно не можеа да им парираат на домаќините. Во првите неколку минути од вториот дел Висла Плоцк поведе со 23:16 и уште тогаш беше јасно дека гостите нема шанси да направат изненадување.

Висла првпат поведе со 10 разлика кога беше 30:20, а во еден момент предноста беше и 12 гола (34:22). Во победничкиот тим најефикасен беше Ричардсон со 8 погодоци, а Шпанецот Семуел постигна пет гола. Во редовите на Пелистер најефикасен беше Дејан Манасков со 7 погодоци, а 4 гола постигна Павле Атанасијевиќ. Голманот Никола Митревски имаше девет одбрани.

- Оглас -

Најнови вести