29.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Пелистер им се извини на навивачите за дебаклот од Арсими на свој терен

Пелистер го претрпе третиот пораз во првите пет кола и моментално е на шестото место на табелата. Битолскиот прволигаш синоќа претрпе убедлив пораз на својот стадион „Петар Милошевски“ и тоа од екипата на Арсими, која е дебитант во најсилното фудбалско друштво во Македонија.

Арсими немаше победа во претходните четири кола, но синоќа убедливо со 4:0 го победи Пелистер во Битола. Пелистерци знаат дека ги разочараа своите навивачи и јавно се извинија.

„Битола, извини што последната вечер не ви ја донесовме радоста што ја заслужувате. Ветуваме – ќе се вратиме појаки и поборбени!, стои во пораката на ФК Пелистер.

- Оглас -

Најнови вести