Пелистер со апел до навивачите: “Не подлегнувајте на провокации и однапред смислени сценарија”

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер со апел се обрати до навивачите и воопшто гледачите кои вечерва ќе присуствуваат во салата “Боро Чурлевски” во Битола на вечното ракометно дерби против Вардар. Иако нема да има гостински навивачи, битолчани се плашат од “провокации и однапред смислени сценарија”, како што велат во соопштението.

– “Почитувани љубители на спортот и ракометот, верни навивачи

Во пресрет на денешниот првенствен ракометен натпревар помеѓу екипите на РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961, апелираме и ве замолуваме сите кои ќе бидете денес во спортската сала „Боро Чурлевски“, со своето фер и коректно спортско навивање и бодрење на својот тим да придонесете натпреварот да се одигра во спортска и фер атмосфера и уште еднаш да докажеме дека нашата сала и нашиот град со право го носат епитетот храм на ракометот.

Во име на клубот, упатуваме апел и замолуваме да не се реагира недостојно на евентуални провокации (да се надеваме дека ќе ги нема) и однапред смислени можни сценарија. Како клуб ги превзедовме сите организациони мерки за квалитетно и непречено одигрување на натпреварот. Денес ние сите заедно (играчи, стручен штаб, управа и навивачи) на терен треба да покажеме кој е македонскиот ракометен шампион и која е најдобрата публика на светот. Затоа ајде сите заедно, спортски, фер и коректно да издвојуваме една голема победа на нашиот клуб.“ – се вели во соопштението на Еурофарм Пелистер.

- Оглас -

Најнови вести