Пелистер со фантастично прво плувреме: Губеше со четири разлика, а потоа битолчани направија серија од 8:0

Еурофарм Пелистер води со 12:8 по првото полувреме во дуелот со вечниот ривал Вардар, во финалето на ракометниот куп на Македонија. Во преполната сала во Кавадарци, двете екипи имаа свои моменти, но битолчани по 30 минути имаат солидна предност.

Дуелот започна израмнето 2:2, па 4:4, а потоа следува одлична игра на Вардар. Црвено-црните дадоа четири гола по ред, а не примија ниту еден и во 18 минута поведоа со 8:4.

Сепак, тоа како да беше знак за освестување на Еурофарм Пелистер. Битолчани одиграа феноменални 12 минути и од негатива 4:8, на полувремето заминаа со предност од четири гола. За тие 12 минути, Пелистер направи фантастична серија од 8:0 и сега има предност од четири погодоци.

Голманот на Еурофарм Пелистер, Секели има 10 одбрани, а кај Зелено-белите најефикасни се Обрадовиќ, Периќ, Божиќ-Павлетиќ со по два погодоци. Талески со три гола е најефикасен кај Вардар.

- Оглас -

Најнови вести