Пенал драма со среќен крај за ПСЖ (Видео)

Пари Сен Жермен се избори за место во финалето на Купот на Франција и тоа откако по подобро изведување на пенали го елиминираа Монпелје. ПСЖ беше голем фаворит пред мечот, а Мбапе со погодокот во 10 минута донесе радост на тимот од Париз. Во последната минута од првиот дел Лаборде израмни на 1:1, за да во 50 минута повторно Мбапе донесе радост за ПСЖ.

Во 82 минута Мбапе беше изваден од игра, а веќе во следниот напад Монпелје израмни на 2:2. Во 86 минута во игра влезе Нејмар, но резултатот стана нерешен и мораше да се изведуваат пенали. По првите пет серии погодија фудбалерите на двата тима и потоа се тргна во ситуација кога секоја утка може да биде кобна.

Самбиа беше играчот кој го промаши целиот гол и даде шанса на ПСЖ да се радува Кин не згреши и ги одведе Светците во финалето на Купот на Франција, каде ќе го чекаат подобриот од мечот ГФА74 и Монако.

Пенал драмата од ова полуфинале може да ја видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести