17.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Пенал-драма за нов трофеј: Кристал палас продолжува да пишува историја (Видео)

Фудбалерите на Кристал палас дојдоа до трофејот од англискиот Комјунити шилд, односно Супер купот на освојувачите на Премиер лигата и ФА купот. Тие во финалето во вистинска драма, најпрво се спасија од пораз во регуларното време против Ливерпул, а потоа беа и подобри пеналџии.

Мечот започна очекувано, па Ливерпул со голот на Екитике уште во четвртата минута дојде во водство од 1-0, но Кристал палас израмни во 17-тата минута преку Матета од пенал.

Сепак, Ливерпул отиде на паузата со водство од 2-1, откако Фримпонг погоди во 21-вата минута. Голот кој го спаси Кристал палас од пораз и донесе пенали, го постигна Сар во 77-мата минута.

Во пенал-серијата се случуваше вистинска драма. Салах ја упати топката над пречката, а ударот на Мекалистер беше одбранет од Хендерсон. Тогаш на сцена стапи Алисон, кој го одбрани ударот на Езе.

Сепак, Хендерсон со својата втора одбрана го задржа Кристал палас во водство, но Борна Соса наместо гол за победа, погоди во пречката.

На крајот одлучувачки беше пеналот на Девени, кој донесе победа од 3-2 на пенали за Кристал палас.

Кристал палас го играше своето прво финале на Комјунити шилд, а со освојувањето на трофејот стана првата екипа кој дошла до пехарот во своето деби учество по пауза од 50 години.

- Оглас -

Најнови вести