Русија и Финска ќе играат во големото олимписко финале во хокеј на мраз, за златниот медал, откако по вистинска драма и долга пенал серија од вкупно 16 удари, Русите ја победија Шведска со 3:2.
Во регуларниот дел беше нерешено, 1:1, а пенал-серијата беше исклучително возбудлива.
Дури во осмата серија Грицјук погоди за Русија, откако претходно промаши Фриберг и Русија славеше голема победа против Шведска.
Во пенал серијата беа постигнати само пет гола од 16 обиди.
Претходно, Финска ја победи Словачка со 2:0 и си закажа меч за титулата во недела.
Шведска и Словачка ќе играат пред мечот за титулата во малото финале за бронзениот медал.