Пенал лудило за пласман на Австралија во полуфиналето на Мундијалот, а елиминација на Франција (Видео)

Австралија се пласираше во полуфиналето на Светското фудбалско првенство за жени, откако во неверојатно драматичен меч, дури по 10 серии на изведени пенали, успеа да ја елиминира Франција. За Австралија ова е историски успех и тоа остварен на свој терен, затоа што оваа земја заедно со Нов Зеланд се кодомаќини на Мундијалот.ж

Во полуфиналето, Австралија ќе игра со подобриот од дуелот Англија – Колумбија.

Мечот по регуларните 90 минути заврши без погодоци, а мрежите мируваа и по дополнителните 30 минути игра. Пенал-рулетот беше вистинска драма, а на крајот Кенгурите „скокнаа“ меѓу најдобрите четири селекции во светот.

Уште во првата серија Французинките промашија, но постоа со иста мерка во втората серија возвратија домаќинките. Во петата серија Франција повторно не реализираше и тоа беше првата полуфинална топка за Кенгурите, но не ја искористија и драмата продолжи.

Потоа сите пеналџиќи беа успешни во шестата, седмата и осмата серија, за да во деветата серија Галските петли повторно не погодија, но и Австралија не искористи втора меч топка. Конечно во 10-тата серија, по промашувањето на Французинката, голема радост за Австралиај донесе Вајн со погодениот пенал.

Пеналите може да ги видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести