Пенал-рулетот ќе врти за пехарот во Купот

Пеналите ќе одлучуваат за победникот на Македонскиот фудбалски куп, по драмата што траеше 120 минути меѓу финалистите Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев.

Во регуларниот дел од мечот беше 2:2 со головите на Сашко Пандев и на Љупче Дориев од пенал за струмичани и на Робсон да Силва и на Дејан Тантуровски за скопјани, потоа во продолженијата остана нерешено, па сега ќе се изведуваат пенали.

Македонија Ѓ.П. има шанса за втор пехар од Купот, а Академците на Пандев се во битка за првиот куп-трофеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести