Откако Вардар вчера во драматичен меч на пенали го елиминираше Вардар од село Форино, денеска имаше нова пенал-драма во 1/16-финалето од Купот на Македонија. Македонија Ѓорче Петров и Работнички мораа да шутираат пенали за да одат понатаму.
По регуларните 90 минути на дуелот во Ѓорче Петров немаше погодоци, па мораше да се шутираат удари од 11 метри. Во пенал-рулетот, играчите на Македонија ЃП беа перфектни и ги погодија сите пет шута. И гостите од Прилеп погодуваа во првите четири обиди, но кога беше најпотребно, во петтата серија беа непрецизни, па домашните фудбалери се радуваа на триумф.
Работнички со 4:3 на пенали се извлече на гостувањето во Кичево кај Влазерими. За разлика од Македонија ЃП и Работнички, без проблеми во следната фаза се пласираа Пелистер и Беласица. Битолчани со 4:0 го победија Љуботен, а Беласица на гости со 5:1 го елиминира Росоман 83.
Во останатите мечеви од Купот на Македонија кои завршија денеска: Саса Каменица – Борец 2:2 (3:1 на пенали), Гостивар – Тиквеш 5:0, Охрид – Ренова 0:4, Силекс – Тетекс 3:0, Слога Виница – Шкупи 1:2, Велешта – Кожув Гевгелија 1:2.