Пенал шоу на „Олд Трафорд“, Манчестер е во четвртфинале, Лион и Тотенхем сигурни

Манчестер јунајтед, Олимпик Лион и Тотенхем се пласираа во четвртфиналето од Лигата на Европа, откако вечерва победија пред своите навивачи. Англискиот гигант на „Олд Трафорд“ со 4:1 го победи Реал Сосиедад и оди понатаму со вкупни 5:2 по двата меча.

Сосиедад поведе со гол од пенал преку Оразабал во 10 минута, а само шест минути подоцна беше досуден пенал и за Манчестер јунајтед. Бруно Фернандеш погоди за 1:1. На почетокот на второто полувреме беше досуден и трет пенал на мечот, втор за домаќините. Фернандеш повторно погоди за 2:1, а капитенот на Манчестер го комплетираше хет-трикот со погодок од игра во 87 минута. Победата на Црвените ѓаволи ја потврди Дало со гол во судиското надополнување.

Олимпик Лион го демолираше ФЦСБ и по двата меча беше подобар со вкупно 7:1. Францускиот тим вечерва славеше со 4:0 на свој терен и воопшто не му даде шанса на тимот од Романија да се понадева на чудо.

Тотенхем со 3:1 славеше над Аз Алкмар и ја анулира негативата од 0:1 по првиот меч. Домаќините водеа со 1:0 на полувреме, а во вториот дел екипата од Лондон стигна до победа колку што беше потребно да оди во четвртфиналето.

Неизвесноста ќе продолжи на дуелот во Глазгов каде Фенербахче има предност од 2:0 над Глазгов. Шкотскиот тим победи со 3:1 на гости во Истанбул, а сега турскиот гигант беше подобар за два гола по 90 минути игра и вкупниот резултат е 3:3, па мора да се играат продолженија.

- Оглас -

Најнови вести