Европскиот првак Италија со нерешените 0-0 на гостувањето во Базел кај Швајцарија постави нов светски рекорд од 36 натпревари по ред без пораз. Италијанците рекордот го делеа со Бразил и Шпанија, а сега се осамени на врвот. Аѕурите можеа и да победат, најубавата шанса ја имаше Жоржињо од пенал, но неговиот шут од 11 метри без никакви проблеми го одбрани Јан Зомер, кој „жива“ ја прифати топката во своите раце.
Жоржињо утна пенал и во финалето на ЕВРО 2020, па очигледно е дека голманите веќе добро го простудирале и неговата необична техника со потскокнување пред шутот веќе не поминува како порано.
Полска со 7-1 го разби Сан Марино, Шпанците со 4-0 ја испратија дома Грузија, Белгија со два гола на Лукаку и еден на Еден Азар, со 3-0 ја надигра Чешка, а Косово во 92-рата минута со гол на Муриќи се извлече против Грција за конечни 1-1.
If they let this bloke take penalties over Romelu Lukaku at Chelsea… https://t.co/ubyRkrxKzO
— IG (@Renaissance_IG) September 5, 2021