Пенал-тикет на Спорт Манија – Кој одигра по наш рецепт, има добивка со убав коефициент од 43.58

Сите што го послушаа нашиот предлог од пет пара на Типстерските совети од недела можат да си прослават убава добивка на тикет со коефициент од 43.58 во Sport Life.

Во стандардната содржина на Спорт Манија нашиот предлог за вчера беа пет двојки од Лигата на нациите, а погодени се дуелите Данска – Исланд, Холандија – БиХ, Словенија – Косово, Турција против Русија и Италија со Полска.

Без драма тешко дека може да се оствари добивка, а и вчера среќата беше на страната на сите што го одиграа добитниот тикет.

Пеналите беа клучни и стигнаа во последен момент на дуелите меѓу Данска и Исланд и Словенија против Косово.

Кристијан Ериксен погоди за победа од 2:1 на Данците во 92-рата минута и беше прецизен и во вториот удар од белата точка што го изведе на мечот со Исланд. Нашиот предлог тип беше 1-1&2-4, а играчот на Интер помогна за добитен тикет.

Уште повозбудливо беше во Љубљана, а на „Стожице“ уште еден играч од Серија А со удар од 11 метри се погрижи успешно да заврши интересната авантура со нашиот предлог-тикет.

Јосип Иличиќ од Аталанта погоди пенал во 94-тата минута и со тој гол Словенија го победи Косово со 2:1. Типувавме победа на домаќинот со коефициент од 1.95 во Sport Life.

На мечот меѓу Италија и Полска се навиваше за победа на „Аѕурите“ и да нема над два гола, па триумфот од 2:0 на четирикратните светски прваци одлично се вклопи на тикетот.

Овие три меча се играа од 20.45 часот, а претходно од 18 часот типувавме на триумф на Холандија против Босна и Херцеговина, и тоа со знак 1-1, односно предност на Лалињата по првото полувреме и победа на крај.

Вајналдум со два гола во шестата и во 14-тата минута се погрижи за првиот услов, а Депај со трет гол само го потврди погодокот на нашиот предлог тикет во Типстерските совети. Голот на Превлјак за БиХ беше само почесен на мечот што го добија Холанѓаните со 3:1.

Драматично беше на дуелот меѓу Турција и Русија, со наш предлог тип 1-3I&1-3II. Во првото полувреме се распукаа ривалите и имаше три гола до 32-рата минута, па околу 15 минути до крајот на првиот дел не смееше да падне гол.

Резултатот остана 2:1 за Турција по 45 минути игра, а потоа повторно почна ефикасно и второто полувреме. До 57-мата минута имаше уште два гола, по еден на двете страни. Русија играше и со фудбалер помалку по исклучувањето на Семенов во 24-тата минута и, за среќа, голеадата во Истанбул сопре навреме, па мечот заврши со победа на домаќините од 3:2, таман за успешен старт на добитниот тикет со коефициент од 43.58 во Sport Life.

Честитики за сите добитници што го одиграа тикетот од недела, а веќе денеска повторно ќе имаме нов предлог-тип со пет двојки во нашата стандардна содржина Типстерски совети.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести