Екипата на Милан со четири нереализирани пенали го има најлошиот пеналџиски биланс сезонава во Топ 5 лигите во Европа. Од девет изведени пенали, само пет завршија со гол што е скромни 55,6 отсто реализација.
Освен Милан, и германски Фрајбург има четири нереализирани пенали.
Четворица различни фудбалери на Милан не дадоа гол со шут од белата точка. Тоа се Тео Ернандес, Тами Абрахам, Кристијан Пулишиќ и Сантијаго Хименез чиј пенал синоќа против Наполи беше лесен плен за голманот Алекс Мерет.