Фудбалерите на Наполи и трет натпревар по ред не знаат за победа, откако по елиминацијата од Комо во Купот на Италија, и ремито против Рома пред своите гледачи, актуелниот шампион на Италија загуби на гостувањето кај Аталанта со 2-1.
Бодовите останаа во Бергамо и тоа со пресврт во вториот дел, откако Наполи имаше 0-1 на полувремето. Херој на Аталанта е Лазар Самарџиќ, кој го постигна победничкиот гол во 81-вата минута.
Елиф Елмас одигра 90 минути во поразот на Наполи.

