Македонската фудбалска репрезентација победнички стартуваше во новата сезона од Лигата на нации. Во рамките од Ц сегментот, нашите фудбалери на Арената „Тодор Проески“, со 2:1 ја победија Ерменија. За три дена следи нов предизвик, а тоа е дуелот против Грузија на гости.
Головите од пенал на Езџан Алиоски и Илија Несторовски беа доволни за Македонија да освои три бода и како лидер да ја отвори Групата 2 во Ц сегментот. Мечот почна како што можеа да посакаат нашите играчи. Во третата минута беше досуден пенал, откако по нафрлена топка, еден од гостинските играчи играше со рака.
Во вториот дел, падна темпото во играта на Македонија. Ерменците почесто беа во напад, се обидуваа да го загрозат голот на Дамјан Шишковски, но нашиот чувар на мрежата имаше неколку одлични интервенции. За тоа дека Ерменија напаѓаше во вториот дел говори и фактот дека гостите на крајот изведоа дури 13 корнери, а ние само еден.
Во судиското надополнување, беше досуден и пенал за Ерменија, а почесниот гол за гостите го даде некогашниот вардарец Тигран Барсагјан.
Сепак, јасно е дека на крајот се бројат погодоците, а во тој дел беше 2:0 за Македонија и на крајот се радуваа нашите фудбалери.
Од 18 часот во нашата група ќе играат Естонија и Грузија.