Македонија има одлични пеналџии: И Несторовски погоди од белата точка за 2:0 против Ерменија

Македонија води со 2:0 против Ерменија, а и вториот погодок за нашата селекција е постигнат од пенал.

По еден центаршут во шеснаесетникот на гостите, некогашниот вардаров играч Хоф, го фаулираше Елмас, а главниот арбитар Ирфан Пелјто од Босна и Херцеговина, досуди уште еден пенал за Македонија.

Сигурен реализатор беше Илија Несторовски во 38 минута.

Претходно, во 5 минута, Македонија поведе со 1:0 со голот на Алиоски, исто така по досуден удар од 11 метри.

- Оглас -

Најнови вести