Пеналите на Тричко, три бода вредат за АЕК (видео)

АЕК Ларнака стартуваше со сигурна победа од 2-0 над Пафос во кипарската Прва дивизија благодарение на погодоците на Иван Тричковски. Македонскиот репрезентативец двапати беше прецизен од белата точка, запишувајќи перфектен почеток на новата сезона.

Тричковски донесе водство за гостите во 61-та минута, а во судиското надополнување го реализираше и вториот пенал за конечни 2-0 и први три бода за АЕК.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести