Пензионерите кои прекинаа натпревари на Вимблдон се осудени од британскиот суд

Тројца пензионери, еколошки активисти, се осудени на условни затворски казни од шест до 18 месеци поради тоа што минатата година прекинаа два натпревари на Вимблдон.

Двајца од нив втрчаа на теренот на дуелот помеѓу Димитров и Шимабукура, додека третиот на дуелот помеѓу Батлер и Савил. Тројцата без адвокат и сами се бранеа пред британскиот суд, признаа дека влегле во теренот, но негираа дека сториле тежок прекршок. Активистите се дел од организација која се бори против експлоатација на нови нафтени наоѓалишта.

Слично поминаа и активистите кои ја попречуваа Формула 1 трката на „Силверстон“, како и оние кои втрчаа во теренот на крикет-мечот помеѓу Англија и Австралија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести