Пеп Гвардиола, или попознат како г-дин Финале

Уште еден доказ дека Пеп Гвардиола е меѓу најдобрите менаџери на денешницата, ако не и најдобар. Предводникот на Манчестер сити има шанса да додаде нов трофеј во колекцијата, откако неговата екипа денес се избори за финале во ФА Купот, елиминирајќи го Брајтон со 1-0.

На тој начин, Гвардиола оствари ретко виден учинок – Се пласира во финале во сите куп-натпреварувања во кои учествува со екипите кои ги предводел во кариерата.

Со Барселона ја комплетираше фамозната „шестка“ во 2009 година, освојуваќи ги Кралскиот Куп, Лигата на шампионите, европскиот и домашниот Суперкуп, како и Светското клупско првенство, покрај тоа што ја освои и титулата во Шпанија. Во авантурата во Баерн Минхен, Гвардиола учествуваше во финале во германскиот Куп, па и тој трофеј му стои во колекцијата.

Со Сити веќе освои два пехари во Лига Купот на Англија, а во неговата трета сезона како менаџер на „граѓаните“ за првпат се пласираше во финалето од ФА Купот.

Едноставно, неверојатен учинок на кој може да позавидат и најголемите тренерски имиња.

- Оглас -

Најнови вести