Жесус го одведе Сити во финале на ФА Купот

Со погодокот на Габриел Жесус, Манчестер сити славеше против Брајтон со минимални 1-0 и се пласираше во финалето од ФА Купот. „Граѓаните“ ја оправдаа фаворитската улога и ќе имаат шанса да се борат за нов трофеј оваа сезона, откако претходно го освоија Лига Купот на Англија.

Иако се очекуваше потполна доминација на Сити во смисол на голови, сепак, и со еден може да се стигне до посакуваната победа, а Жесус придонесе уште во четвртата минута од средбата на „Вембли“.

Манчестер сити утре ќе го дознае противникот во борбата за пехарот на најстариот Куп на светот, во 17 часот силите ќе ги одмерат Ватфорд и Вулверхемптон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести