4.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

Пеп Гвардиола има нова желба, Манчестер сити налето тргнува по неговиот потпис

Камерунскиот фудбалер од средниот ред, Карлос Балеба, е новата желба на Пеп Гвардиола. Фудбалерот блеска во дресот на Брајтон, па со тоа го привлече вниманието на европските гиганти.

Манчестер сити налето со сите сили ќе тргне по неговиот потпис, но за тоа ќе мора да платат најмалку 60 милиони евра, колку што е неговата моментална вредност.

Балеба во Брајтон пристигна пред две и пол години за сума од 27 милиони евра од францускиот Лил, а договорот му е со важност до 2028 година.

 

- Оглас -

Најнови вести