Пеп Гвардиола откри колку ќе паузира Ерлинг Халанд

Манчестер сити дојде до пласман во полуфиналето на англискиот ФА куп, единственото натпреварување во кое сè уште има шанси да се закити со трофеј оваа сезона. Сепак, на овој меч се повреди Ерлинг Халанд, а тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола, на прес-конференцијата пред првенствениот меч против Лестер откри колку ќе паузира норвешкиот напаѓач.

„Лекарите ми кажаа дека Ерлинг Халанд ќе биде надвор од терените помеѓу пет и седум недели. Се надевам дека ќе биде подготвен за финишот од сезоната и Светското клупско првенство“, кусо одговори каталонскиот тренер.

Манчестер сити во среда го очекува домашен дуел против Лестер, а бодовите им се и повеќе од значајни во борбата за влез во групната фаза од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести