Пеп Гвардиола знае кого ќе купи ако Кевин де Бројне замине во Саудиска Арабија

Англискиот првак Манчестер сити покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Кристал палас, Еберечи Езе, откриваат медиумите на Островот. Токму репрезентативецот на Англија се споменува како главна трансферна цел на Пеп Гвардиола во случај тимот ова лето да се раздели со Кевин де Бројне.

Во последните недели се засилија шпекулациите дека Белгиецот, кој има само уште една година од договорот, може да се пресели во Саудиска Арабија.

Пеп Гвардиола е голем фан на играта на Езе и уште минатото лето се обиде да го доведе на „Етихад“. Каталонецот е одушевен од тоа што Езе може да го направи кога ја има топката во нозе, демонстрацијата на креативност, но во исто време и тоа што неговиот пристап е многу подиректен од повеќето фудбалери на шампионот, кои преферираат да ја задржуваат топката подолго.


Евентуалниот трансфер на Еберечи Езе веројатно нема да биде лесен за реализација бидејќи се очекува Кристал палас да побара најмалку 60 милиони фунти за својот најдобар играч.

- Оглас -

Најнови вести