25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Пеп му забрани на фудбалерот да прими признание од поранешниот клуб за да не го дефокусираат пред мечот

Манчестер сити синоќа со 1-3 на гости го совлада Лајпциг во Лигата на шампионите, а еден од најдобрите на теренот беше Хрватот Јошко Гвардиол, кој настапи против својата поренешна екипа.

Екипата на Лајпциг, која летово го продаде Гвардиол на Сити за 90 милиони евра, со што тој стана најскапиот дефанзивец во историјата, пред мечот сакаше да му додели признание за заслуги додека беше член на бундеслигашот, но тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, забрани тоа да го сторат пред натпреварот за да не му го дефокусираат клучниот играч.

Сепак, „црвениот бик“ на Јошко Гвардиол му беше доделен по натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести