Пеп: Не можам да разберам како имаме девет порази

Саутхемптон вчера му го нанесе деветтиот пораз на Манчестер сити сезонава во Премиер лигата, односно трет последователен на гости за првпат откако Пеп Гвардиола ги предводи Граѓаните.

Ниту самиот Гвардиола не може да разбере, ниту да објасни како е можно неговата екипа да претрпи девет порази во една сезона, три повеќе отколку во претходните две шампионски сезони. Од топ-6 екипите во Англија, моментално само Челзи (10) има повеќе порази од Сити.

„Во натпреварите кои ги загубивме игравме добро, но очигледно недоволно за да победиме. Не можам да кажам дека имаме проблем со ефикасноста, ние сме први по бројот на погодоци сезонава. Не можам да објаснам зошто претрпевме толкму многу порази“, истакна Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести