Пепе му честиташе на соиграчот, а една секунда потоа тргна да го тепа (Видео)

Цели 10 сезони Пепе беше дел од Реал Мадрид, каде што и се стекна со светска слава. Тоа е играч кој не може да се пофали со некоја техника, но затоа борбеноста и воинствениот дух го направија да биде еден од дефанзивците за кои се зборува.

По заминувањето од Реал, Пепе помина две сезони во Бешикташ, а потоа се пресели во Порто, каде што играше и пред да заигра за Кралскиот клуб. Пепе ја има капитенската лента во Порто и со своето искуство носи квалитет за некогашниот европски првак.

Порто синоќа минимално со 1:0 славеше на гостувањето кај Фаренсе, а по последниот судиски свиреж, Пепе тргна да се поздрави со соиграчот Лум. Наместо поздрав, Лума го турна Пепе, а 37-годишниот играч тогаш збесна. Најпрво со иста мерка му возврати на соиграчот, а потоа сакаше и да се тепа.

За среќа, брзо реагираа соиграчите и судијата, па го одвоија Пепе и не се случи поголем инцидент. Нејасно е зошто се случи таков инцидент, но потоа Лум преку социјалните мрежи се извини и изјави дека Пепе го чувствува како постар брат.

„Сакам да им се извинам на сите навивачи на Порто поради инцидентот што се случи. Тоа никако не смееше да се случи. Пепе е постар брат и од него многу имам научено“, напиша 24-годишниот Лум.

 

- Оглас -

Најнови вести