Перес подготвува вистинска бомба, сака двајцата најдобри напаѓачи да го носат Кралскиот дрес

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, за летниот преоден рок подготвува рекордна понуда за Ерлинг Халанд, објави весникот „Ас“.

Според мадридскиот спортски весник, Перес е подготвен да издвои рекордни 250 милиони евра за Халанд и сака од следната сезона напаѓачкото трио на Реал да го сочинуваат Норвежанецот, Килијан Мбапе и Винисиус жуниор.

 

„Ас“ пишува и дека Халанд е заинтересиран за трансфер бидејќи би играл заедно со Килијан Мбапе, кој исто така налето треба да го задолжи кралскиот дрес.

Токму Халанд и Мбапе се сметаат за најдобри напаѓачи на денешницата, а со Винисиус жуниор, Реал Мадрид би имал пеколно трио, кое би било страв и трепет за сите противнички одбрани и голмани.

- Оглас -

Најнови вести