Перес поради Мбапе бара Мадрид да ги менува законите

Локалните власти во Мадрид подготвуваат да донесат нов закон со кој странците кои ќе се доселат во главниот град на Шпанија ќе плаќаат помал данок за дури 20 отсто, објави весникот „Мундо Депортиво“.

Шпанските медиуми овој предлог закон веднаш го нарекоа „Мбапе закон“, поради извесното доаѓање на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

Според медиумите, главен заговорник за новиот закон е претседателот на Кралевите, Флорентино Перес, кој се смета за влијателна личност во шпанската политика.

Шпанските медиуми потсетуваат дека Перес и градоначникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида, се добри пријатели и поради тоа се очекува носењето на новиот закон поради Килијан Мбапе, да претставува формалност.

Во Мадрид веќе имаат донесено сличен закон и тоа во 2003 година кога за Реал потпиша Дејвид Бекам.

- Оглас -

Најнови вести