По 13 успешни сезони поминати во дресот на Реал Мадрид, Лука Модриќ летово си замина од „Сантијаго Бернабеу“ откако претседателот на Кралскиот клуб, Флорентино Перес, не сакаше да му го продолжи договорот. Модриќ се пресели во Милан, каде што повторно игра фантастично иако веќе наполни 40 години.
Засега не се знае до кога планира Модриќ да биде активен на светската фудбалска сцена, но веќе се подготвува планот за тоа што ќе прави Хрватот откако ќе ги „закачи копачките на клин“.
Од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, стигнала понуда до Модриќ да се врати во Реал и да работи како спортски амбасадор на клубот или да биде дел од младинската школа.
Модриќ начелно се согласил на понудата од Перес, но сепак потенцирал дека откако ќе ја заврши играчката кариера, прво сака да одмори добро и да се посвети на семејството, односно една година воопшто да не биде активен во фудбалот. Дури потоа би заминал да работи во Реал Мадрид.