Актуелниот тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, ќе биде наследникот на Карло Анлелоти на клупата на Реал Мадрид, пишува германскиот магазин „Билд“.
Според „Билд“, Алонсо имал средба со челниците на Баер, кои се задоволни од неговата работа и се договориле Шпанецот и наредната сезона да ја води екипата, по што би се преселил во Реал.
Abgang 2024 wahrscheinlich – Real will diesen Bundesliga-Trainer https://t.co/Nwc5RuFQUl #sportbild
— SPORT BILD (@SPORTBILD) June 21, 2023
Алонсо седна на клупата на Баер кога екипата беше претпоследна на табелата и успеа да ја однесе во Лигата на Европа, и тоа во првата сезона како тренер на сениорски тим.
Одличните резултати со Баер беа доволни за првиот човек на Реал Мадрид да го означи Алонсо како главен фаворит за наследник на Анчелоти, кој во 2024 година, по истекот на договорот, ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
Чаби Алонсо од 2009 до 2014 година настапуваше за Реал Мадрид, по што се пресели во Баерн Минхен, каде што во 2017 година ја заврши кариерата.
Тренерската кариера ја започна во 2019 година како тренер на вториот тим на Реал Сосиедад, а од минатата година седи на клупата на Баерн Леверкузен.