Перез „распали“ по Ибра: Тој е само алчен силеџија

Златан Ибрахимовиќ со својот ексцентричен карактер секогаш го привлекува вниманието на јавноста.

Шведскиот фудбалер има навистина богата кариера, настапувајќи за едни од најдобрите светски клубови.

Но, не сите го сакаат неговиот темперамент, а еден од нив е и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Тој призна дека сакал да направи убиствен двоец со Кристијано Роналдо, но поради тоа што Ибра бил алчен, не дојде до трансфер.

„Уште во времето кога Ибрахимовиќ играше за ПСЖ, сакав да направам двоец со Кристијано Роналдо.

Силно го посакував Ибра во Реал Мадрид, но, како што течеа преговорите сфатив дека на него главна цел во животот му се парите, а не трофеите.

Сакаше двојно поголема плата од таа на Роналдо, а состанокот изгледаше дека јас ќе потпишувам за него, а не он за мене.

Ми кажа само дека ќе се преговара под негови услови а јас му вратив со збогум. Тој е обичен алчен силеџија“ изјави Перез.

Ибрахимовиќ дресот на ПСЖ го носеше од 2011 до 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести